Протести во Грција на студентите и професорите
Студенти и професори демонстрираат денеска во главниот град на Грција и во вториот по големина грчки град Солун, против предложените реформи во образованието, против забраната за протести воведени како дел од мерките за борба против пандемијата на коронавирусот. Околу 4.000 лица со маски продефилираа низ улиците на Атина, додека околу 1.500 протестираат во Солун.
Студентите и професорите се противат на образовните реформи што вклучуваат планови за полициско присуство на универзитетите.
Протестот е поддржан и од федерации и организации на просветни работници, универзитетски професори, претставници на синдикати, но и од подмладокот на опозициската СИРИЗА.
Владата во вторникот објави забрана за протести со учество на повеќе од 100 лица до 1 февруари, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Кршење на забраната се казнува со парична казна до 3.000 евра за физички лица кои организираат протести и 5.000 евра за групи или организации.