Нова страница за информации

Проблем не е само коронавирусот: Длабока криза во „Боинг“, отпуштаат дури 12 илјади луѓе…

Проблемот не е само коронавирусот: Длабока криза во „Боинг“, отпуштаат дури 12 илјади луѓе…

Отказни решенија во текот на оваа седмица, како што пренесува британската новинска агенција, ќе добијат 6,670 вработени, а 5,520 се согласиле на заеднички раскин на договорите.

Од американскиот гигант најавија дека ќе го намалат бројот на вработени во сите свои погони за производство ширум светот за околу 10%, што значи дека бројката на луѓе кои ќе добијат отказ би можела да се искачи на 16 илјади.

Компанијата влезе во длабока криза поради пандемијата на коронавирусот, која со себе донесе и огромен пад на бројот на нарачки на нови авиони од страна на авиокомпаниите, а покрај тоа „Боинг“ се соочува со уште еден, можеби и поголем проблем.

Имено, компанијата започна да тоне во криза после рушењето на двата „Боинг 737 Макс 8“ авиони во Етиопија и Индонезија со што сериозно беше нарушена репутацијата на „Боинг“. Компанијата се соочи со стотици тужби, а поради софтверскиот проблем мораше да ја приземји целата флота на спорните авиони.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial