Нова страница за информации

Предлог-законот за предвремената ратификација на членството во НАТО се очекува утре да биде доставен во Парламентот

Владата се реши за предвремена ратификација на членството во НАТО. Предлог законот се очекува утре наутро да биде доставен од владините служби во законодавниот дом. На последната владина седница беше утврден текстот на предлог – законот за ратификација на Северноатланскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.

Постапката налага негово усвојување во Собранието, а се предвидува да стапи во сила по објавувањето во Службен весник. Потоа законот ќе биде депониран во Вашингтон, но откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Алијансата.

Ваквата изнудена одлука на владата на Заев следува по сложената политичка криза во Шпанија и неизвесноста дали социјалистичкиот лидер  и в.д. премиер Педро Санчез, кој освои најголем број пратенички места на изборите во ноември, ќе успее да формира влада.

Во меѓувреме, изборите во државава се сè поизвесни дека ќе се одржат на 12 април што значи дека Парламентот треба да се распушти на 11 февруари, односно 60 денови пред изборите. Неизвесно е само уште дали дотогаш и официјален Мадрид ќе ја усвои Ратификацијата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial