Нова страница за информации

ПРВА ЖРТВА ОД БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА

Регистриран е првиот починат од британскиот сој на коронавирус во Македонија. На осми јануари влегува во црниот здравствен билтен, а четири дена претходно е хоспитализиран во приватна болница.

Освен овој охриѓанец, кај кого се регистрирани претходни хронични заболувања, во лабораторијата за генетика во „Жан Митрев“ клиниката е забележан уште еден случај на мутираниот сој. Информацијата ја „твитна“ доктор Горан Кунгуловски ко-основач на лабораторијата.

– Уште двајца позитивни на новиот британски сој во нашата лабораторија. – напиша д-р Горан Кунгуловски.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема место за паника. Британскиот сој побрзо се шири, но не е посмртоносен.

Досега овој сој на коронавирусот е детектиран кај тројца македонци. Доктор Кунгуловски предупреди дека оваа мутација на вирусот забрзано се шири и ќе стане подоминантен и затоа мора да се прави постојан мониторинг.  

„Се пренесува за 70% побрзо од претходните соеви на коронавирусот односно ако треба да се заразат 10 луѓе, ќе се заразат 17 луѓе. Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега полека излегуваат податоци за кои сепак треба да се напраат и подетални студии не сакаме да дигаме паника но има неко индикатори дека е благо зголемена и смртноста за некои 30%, но сепак за тоа да се потврди треба подетални студии.“ – вели д-р Горан Кунгуловски.

ВО лабораторијата во МАНУ се уште се истражува дали меѓу дваесетина лица медицински персонал од клиниката за Нефрологија кои се позитивни на коронавирусот, станува збор за британската мутација.

Британскиот сој на коронавирусот цел месец бил присутен во Македонија. Бил откриен кај 46-годишен маж од Скопје кој со покачена температура, отежнато дишење се тестирал и е регистриран позитивен. Оздравен е на 22 јануари, а во епидемиолошката анкета тврдел дека не патувал надвор од земјата, но и не навел контакти.

Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на 2020-та година, а според последните информации од СЗО веќе е проширена во 70 земји. Поради опасноста од забрзаното ширење на мутираниот сој, голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници. Комисијата за заразни болести во земјава не препорачува засега нови мерки, освен маските и физичкото растојание. 

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial