Нова страница за информации

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад лидерот Мицкоски

Пратениците ѝ препорачаа на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието безрезервно го поддржаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски во однос на одржувањето Конгрес на партијата со цел што поскоро да ја поразат актуелната власт.

„Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаме да се почитуваат надлежностите на Централниот комитет, Извршниот комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на било кои поединци или групи“, се наведува во соопштението од пратениците.

Тие повторуваат дека нивна примарна цел е работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која, како што велат, ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial