По примањето на руската вакцина 42 дена забрането пиење алкохол цигари и мрсна храна
Ова се препораките од руските здравствени власти до граѓаните кои ќе се вакцинираат.
Според рускиот државен здравствен инспектор, Ана Попова ова особено се препорачува меѓу првата и втората доза, бидејќи во тој период од 21 ден е потребно доволно време за телото да создаде имунитет. Во тој период , вакцинираните не смеат ни да пушат цигари, бидејќи тоа може да ги надразни белите дробови и да го попречи дишењето.
-Алкохолот, тешката храна, особено фаст-фудот не се посакувани три дена пред вакцинацијата. Исто така, пациентот не смее да биде под стрес пред да ја прими вакцината, бидејќи одвојувањето на адреланинот и на хормоните на стресот може да доведе до замаеност, па дури и до губење на свеста, изјави Ана Попова.
Откако СЗО одобри итна употреба на вакцината „Фајзер“ за земјите во развој со што на државите со низок и среден приход им се отвора можноста да го имунизраат своето население од Ковид-19, се уште постои загриженост за нерамномерната дистрибуција на вакцините, бидејќи побогатите земји купија или потпишаа договори за купување големи количини на достапни дози или чекаат одобрување.
Токму затоа дел од главните европски вирусолози инсистираат ЕУ што побрзо да ја регистрира вакцината на Астра Зенека која Велика Британија веќе ја одобри. Познатиот германски вирусолог Кристијан Дростен апелира дека оваа вакцина е полесна за користење и не бара специјални процедури за транспорт и чување на ниски температури, со што ќе се олесни и забрза вакцинацијата.