МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

По повод Меѓународниот ден на жената ученици од Кисела Вода беа во посета на касарната Илинден

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, денеска повеќе деветтоодделенци од основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода во касарната „Илинден“ другаруваа со Ренџерскиот баталјон.

Децата при посетата на касарната имаа можност да се запознаат со подготвеноста на жените припаднички на баталјонот.

Жените војници пред учениците изведоа демонстрација на вертикален маневар со користење на алпинистичка опрема.

На крајот од средбата, основците од Кисела Вода видно задоволни од презентираното и гостопримството, на жените војници им подарија цветови.

Настанот во рамки на проектот „8 Март – Ден на жената“ се одржа во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.

Ренџерскиот баталјон изведува мисии на поддршка на внатрешната безбедност на државата, и поддршка на надворешната и безбедносна политика со изведување на специјални и специфични офанзивни операции во сите земјишни и временски услови.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial