По завршните зборови во „Рекет“, Милошоски побара Обвинителството да ги вештачи телефоните на Боки 13 и на Заев
Обвинителството треба да спроведе истрага и да ги вештачи телефоните на Бојан Јовановски – Боки 13 и на поранешниот премиер Зоран Заев, изјави денеска Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ.
Милошоски рече дека има сомневања дека Заев е соучесник и налогодавач во најголемата финансиска афера во Македонија.
За време на завршните зборови во случајот „Рекет“ првообвнетиот Бојан Јовановски рече дека неговиот телефон не бил вештачен и дека бил во комуникација со тогашниот премиер Заев.
„Ова отвора основано сомневање за соучество на Заев во „Рекет“. Дали доказите на Обвинителството прво одат на проверка кај Заев, а потоа одат во судница“, праша Милошоски.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: