МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Постепено зачленување, построги услови, реверзибилност на процесот – Франција испрати нон пејпер со услови за проширување на Унијата

Постепено зачленување, построги услови, реверзибилност на процесот – Франција испрати нон пејпер со услови за проширување на Унијата. 5 страници има нон пејперот на Елисејската Палата со предлогот на Макрон за измени во процесот на пристапување на балканските земји во Европската Унија. Франција предлага постепено зачленување на земјите кандидати во однос на колку од предвидените задачи исполниле. Францускиот предлог предвидува 7 етапи во кои поглавјата за преговарање се поделени врз основа на областа, првата задача на земјите членки се 23-тото и 24-тото поглавје кои се однесуваат на слободите, човековите права и функционална правна држава. Кога определена земја членка, како Северна Македонија ја помине таа прва фаза тогаш оди на наредните етапа, но добива и место на масата со земјите членки за да може да расправа на определени теми, но не како земјите членки. Макрон бара доколку некоја држава во наредните етапи ги прекрши правилата и веќе поминатите задачи да се врати назад, да стои во место или дури и да почне од почеток. Нон пејперот е во фаза на разгледување, а Франција предлага одлуката за новата методологија да биде донесена до јануари догодина, што според Симонида Кацарска од Институтот за европски политики е многу краток период. Кацарска за Телма вели дека нон пејперот нема многу прецизни детали и дека и сега ЕУ има можност да го примени „повторувањето“ за кандидатите кои не исполнуваат европски задачи преку суспензија за земјата предвидена и со правила за пристапување.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial