МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Помпео: Црногорците се мала нација која дава огромен придонес

Црногорците се мала нација која дава огромен придонес, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој денес се состана со црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, во Подгорица.

За време на средбата со Помпео, Ѓукановиќ рече дека Црна Гора останува сигурен партнер во регионот.

Помпео рано денеска пристигна во Подгорица, во прва официјална посета на Црна Гора, а како дел од неговата европска турнеја, следна станица е Македонија.

За време на посетата што тој ја оцени како историска, Помпео додаде: „Црна Гора покажува лидерство во соочувањето со опасностите од 21 век“.

„Благодарение на нашата соработка во областа на сајбер-безбедноста со Црна Гора, успеавме да развиеме заштита од најновиот руски софтвер, која штити милијарди уреди во светот“, рече американскиот државeн секретар.

Тој додаде дека американските дипломати во Црна Гора се фокусирани на борба против корупцијата и организираниот криминал и слободата на медиумите.

„Тие ќе ви помогнат да добиете резултати. Претходно, годинава, ја запознав Оливера Лакиќ, новинарка која беше ранета во ногата поради извештај за шверц на цигари. Ваквите напади врз новинарите се напади врз демократијата. Извршителите на нападот ќе мора да одговораат“, рече Помпео.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial