Нова страница за информации

Петти ден се трага по младиот Хрват кој исчезна во Белград

Денеска е петтиот ден од големата потрага по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит. Секоја трага му се губи во раните утрински часови на 31 декември. Пријателите кои се забавувале со него во готскиот клуб во Белград велат дека никогаш повеќе не го виделе после 2:30 часот наутро.

Приказната предизвика голем интерес во јавноста, како во Хрватска, така и во Србија. Полицијата сѐ уште ја пребарува Сава, а претходно беше најавено дека потрагата се проширува и во реонот на Дунав. Сава се влева во Дунав на неколку стотини метри од местото каде последен пат бил виден Матеј Периш.

Интензивната потрага по сплиќанецот сѐ уште трае, а неговиот татко за порталот „Јутарни лист“ изјавил и дека го предупредил Матеј дека Белград, освен што е познат како град за добар ноќен живот, е и град во кој може да биде во опасност ако влезе во лошо друштво.

Меѓутоа, Матеј решил да замине на патувањето. Како што знае неговиот татко, ова било првпат да ја дочека Новата година во Белград.

Српските медиуми објавија две нови снимки на кои се гледаат две различни сцени пред клубот „Готик“ каде последен пат е виден Матеј Периш (27).

Како што може да се види на првата снимка, младиот човек за кој се сомневаат дека е Матеј, истрчал од клубот „Готик“. На второто видео се гледа како тој се спушта во реката.

Полицијата трага и по таксистот кај кој Матеј се обидел да влезе. Најверојатно се работи за „диво“ такси бидејќи ја нема официјалната TX ознака. Здружението на таксисти испратило покана до своите вработени да контактираат со оној што имал средба со Матеј, но досега никој не ги контактирал.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial