МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Партијата на Шешељ го загуби местото во српскиот парламент

Со оглед на изборниот праг од три проценти на вчерашните избори во Србија, некои лица кои со години беа во српскиот парламент веќе нема да бидат таму.

Меѓу нив се Чедомир Јовановиќ и Воислав Шешељ.

СРС (Српската радикална партија) на Воислав Шешељ освои 2,1 отсто од гласовите, според првичните резултати, што не е доволно за влез во парламентот.

Освен ако не се случат некои поголеми промени, се чини дека Шешељ останува без место во парламентот, пренесува хрватски „Индекс“.

Чедомир Јовановиќ од ЛДП (Либерално-демократска партија) исто така не успеа да влезе во парламентот. Тој на изборите освои само 0,3 проценти од гласовите.

Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ освои повеќе од 62 проценти од гласовите, или дури 189 места во парламентот.

Првата партија зад нив има само 10,6 проценти од гласовите. Тоа е листата на Ивица Дачиќ, СПС, ЈС и Драган Марковиќ, која освои 32 места.

Изборниот праг го надмина и листата на Александар Шапиќ – Победа за Србија со 3,8 проценти од гласовите, односно 12 мандати.

Кога станува збор за малцинствата, четири листи влегоа во парламентот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial