МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Паника во Пекинг, градот под блокада! За четири дена 79 нови случаи на Ковид-19

Поради неочекуваното зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, градските власти во Пекинг повторно воведоа рестриктивни мерки во некои делови на кинеската престолнина и наредија масовно тестирање на населението за КОВИД-19.

По скоро два месеца без нови случаи на инфекција, властите во Пекинг регистрираа 79 нови случаи во текот на изминатите четири дена, што е најголем број во тој град од февруари, пренесува Ројтерс.

Утврдено е дека извор на инфекцијата е најголемиот пазар на храна на големо во Азија, чија големина одговара на површина од околу 160 фудбалски игралишта, што е за дваесет пати повеќе од пазарот на морски плодови во Вухан, каде започна пандемијата на корона вирусот.

Поради повторното појавување на вирусот воведени се строги рестриктивни мерки во многу делови на Пекинг, а „воен режим“ е на сила во најмалку три делови од градот, пренесува Ројтерс.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial