Основните прехранбени производи се продаваат без ДДВ
![](https://mediacentar.mk/wp-content/uploads/2020/06/marketi-1024x607.jpg)
Нула ДДВ за основните прехранбени производи почнува од денеска. Граѓаните со самото купување на некој од прехранбените производи можат на издадената фискална сметка да проверат дали ДДВ-то е нула за купениот производ. Согласно владината одлука граѓаните не треба да плаќаат ДДВ, за купен бел леб, шеќер, брашно тип 400, масло од сончоглед, млеко со масленост од 2 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти, месо, ориз и свежи јајца.
Управа за јавни приходи:
Леб
Бел шеќер
Брашно тип 400
Масло од сончоглед
Млеко со маснотии од 2,%, 3,2% и 3,5%
Месо
Ориз
Други свежи јајца
За овие прехранбени производи ДДВ-то претходно беше 5 проценти. Мерката со нула ДДВ- ќе важи до 31 мај, а владините очекувања се дека со намалувањето ќе направи надолен притисок врз цените на овие производи.