Општина Кисела Вода ја подготвува новата 5-годишна Програма за поставување спомен-обележја
Денес, на општинската веб-страница и по месните и урбани заедници беше објавен јавен конкурс за прибирање предлози и иницијативи за поставување спомен-обележја на настани и истакнати личности во општина Кисела Вода за периодот 2020 – 2025 година.
Иако не е законска обврска, во духот на транспарентноста и поголемата вклученост на сите засегнати страни во делот на планирање на поставувањето на спомен-обележјата на територијата на општината, Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура предвиде постапка која ќе се базира на објавен конкурс за прибирање предлози и иницијативи за поставување на спомен обележја.
Целокупната постапка за разгледување на пристигнатите предлози и иницијативи од сите заинтересирани страни, ќе ја спроведе Комисија составена од членови на Советот на општина Кисела Вода, претставници од општинската администрација, како и евентуални надворешни членови (истакнати културни работници, кои имаат стручно познавање од историјата и етногенезата на општината и на нејзините истакнати жители).

На тој начин, преку широка јавна дебата и расправа да се стигне до нејцелисходни решенија со кои на вистински и достоинствен начин ќе се оддаде почит на значајните настани и истакнатите личности од историјата и културата на локално ниво.