МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Општина Кисела Вода во Припор на ул. „Христо Татарчев“, крак 14, поставува атмосферска канализација. Коловозот на истата улица во должина од 900 метри ќе биде реконструиран.

Општина Кисела Вода во месната заедница Припор, на ул. „Христо Татарчев“, крак 14,  поставува атмосферска канализација. По завршувањето на работните активности за поставување на канализацијата, Општината на истата улица во должина од 900 метри ќе изврши реконструкција на коловозот.  

Денеска увид на улицата во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, членовите на Советот, Дарко Филиповски и Тодор Костадиновски, направи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

За четири месеци, жителите на ул. „Христо Татарчев“, крак 14 повеќе нема да имаат проблем со одведувањето на атмосферските води, а ќе имаат и целосно асфалтирана улица. ЈП „Водовод и канализација“ на истата улица, во должина од 200 метри менува дел од постоечката водоводна мрежа. 

Општина Кисела Вода во насока на подобрување на инфраструктурата на својата територија досега реализираше бројни проекти.

Локалната самоуправа со истото темпо ќе продолжи да работи и во иднина.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial