МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Од денеска официјален крај на СЈО

Кога беше формирано, ги отвораше речиси сите дотогаш затворени железни врати на институциите. Од денеска Специјалното обвинителство ја затвори својата врата.

Тоа повеќе не постои откако се укина со новиот Закон за Јавно обвинителство, но поранешните специјални обвинители порачуваат дека борбата за правда не е запрена.

„…Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме, тоа зависи од сите нас обвинителите. Со стапување на сила на новиот закон, ниту борбата за правда за правда застанува, ниту животот тука не застанува“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

„За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за борба за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост“, рече обвинителката Ленче Ристовска.

„Титаник“ беше првиот случај што го објави СЈО. Тоа беше во февруари 2016. Потоа тргна лавината со над 20 обвиненија претежно против лица од поранешната власт. Со обвинение на СЈО, поранешниот премиер, а сега политички азилант во Унгарија, Никола Груевски, беше осуден на две години затвор за мерцедесот. Распадот на СЈО почна лани, со начелното правно мислење од Врховниот суд и замрзнувањето на предметите за кои обвиненија беа поднесени по истекот на мандатот за тоа. Репутацијата и интегритетот на обвинителството дефинитивно доживеаја крах по апсењето на неговата шефица, Катица Јанева, поради вмешаноста во случајот „Рекет“ за кого доби казна од седум години затвор. Пред тоа, редовното обвинителство од СЈО доби 170 предмети – пресуди, обвиненија и истраги.

Со згаснувањето на СЈО, вработените во ова обвинителство остануваат без работа. Републичкиот обвинител Јовески ова го правда, бидејќи тие тука биле вработени на определено работно време.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial