МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Одбележување на 1 Мај– барања за достоинствени плати, пристојно работно време

„50 марш, 50 протест ми е мене ова овВака Лазе Ѓоргиевски најстариот член на ССМ, кој денеска јубилејно 50ти пат маршираше по улиците, п оповод меѓународниот ден на трудот со порака и до работниците и до власта. Надлежните мора да го слушнат гласот на работникот, а работникот да не се откажува, зашто како што вели, само обединети можеме да промениме многу.

„Најголемите протести беа пред 20 години кога излегоа медицинарите, лекарите со 30 илјади и после нив една година кога излезе УПОЗ 30 илјади луѓе штрјакуваа пред собрание. И ребра ни пукаа и не тепаа меѓутоа ние излегувавме…. “ – Лазе Ѓоргиевски – најстар член на ССМ

Во борба за работнички права под мотото „Ние работниците“ Сојузот на синидкати и Конфереацијата на синдикални организации сплотени маршираа по улиците одбележувајќи го Меѓународниот ден на трдуот 1 мај. Со порака колку повеќе не напаѓаат толку ќе сме посилни и уште еден црвен картон за судот поради обидите да се одземе Работничкиот дом од работниците тие го стартуваа протесот пред зградата на ССМ.

„Дадовме црвен картон на судот заради тоа што направи обид да изврши притисок врз сидникатите да ги уништи да стави функцинореска чизма на вратот на работниците за да ќутат, за да бидат понизни, за да ги слушаат, тоа што го направија денеска го гледаме на дело ние синидкатите, ние работниците, ние граѓаните, ние пензионерите сме сите тука денеска да им покажеме дека колку повеќе не напаѓааттолку повеќе посилни не прават…. “-Слободан Трендалифов – претседател на ССМ

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата Влада. Враќање на трошоците за храна и превоз за работниците, органичување на работата на определено време во исклучителни околности, максимум една година, право на неработна сабота, контролирање на прекувремената работа, укинување на 72 часовната работна недела на стратешките проекти, се клучните барања кои синдикатите ги упатија од пред Владата.

„Ако добро пресметав, кај нас после 130 години некој се држзна работната недела од 8 часа да ја прави поголема тоа не смееме да го дозволиме.“- Маријан Ристевски – КСОМ

„Да им порачам, помалку тендери поголеми плати, а ние сите пак ако треба секој ден на улица…“ -Трпе Денаоски – УПОЗ

На третата дестинација од маршот, Стопанската комора на Македонија, работниците им свртеа грб и на работодавачите, со барање да се почитуваат колективните договори и работничките права.

„Од срце ве замолувам да им свртиме грб на газдиве позади што уживаат по турски, грчки, и тн… да знаат дека без нас не можат, да знаат дека оваа држава и компании се изгради од работничка крв и пот, да нзаат дека ради нив секој час ни гине некој на работното место, да знаат дека младите не можат да се решат на семејсттво со тие договори на дело, да знаат дека не се живее со 22 500…“- Иван Пешевски – СГИП

Меѓународнито ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борабата за зачувување и унапредување на правата на работниците…де.“ – Лазе Ѓоргиевски – најстар член на ССМ

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial