МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Не се предвидени нови даноци во 2022, тврди Бесими

Нови даноци за граѓаните и фирмите во 2022 година не се предвидени, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Но, доколку има потреба од воведување на нови или кратење на дел од постоечките давачки, прво ќе се побара мислење од стопанството и екеспертите па потоа ќе бидат известени и граѓаните.

„Во текот на првата половина од годината ќе има инклузивен процес , каде што ќе бидат вклучени и стопанските комори ќе има и јавна расправа во однос на предлозите кои ќе произлезат. Буџетот за 2022 година е планиран врз основа на постојаниот даночен систем“, вели Бесими.

Директорката на Управата за јавни приходи вели дека државата работи на реформирање на даночниот систем, но и како да се намали работата на црно. Препораките на ММФ за годинава се државата посериозно да се посвети на утврдување на несоодветното богатење кај конкретни граѓани.

„Буџетот за 2022 година не обврзува да собереме 184 милијарди денари од кои што скоро 96 милијарди се однесуваат на даночни приходи, 88,5 милијарди се однесуваат за придонеси и имаме план поголем во однос на 2021 година од 14 милијарди од кои што околу осум милијарди се однесуваат за даночни приходи“, рече Сања Лукаревска директорка на УЈП.

Инаку, во собраниска процедура е давачката за еколошка такса, која предизвика жестоки реакции во јавноста. Но во подготовка е и најавениот данок на луксуз кој предвидува да се плаќа три пати повисока сума за куќа или стан кои не се користат како постојано живеалиште.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial