Нова страница за информации

Неуспешниот атентат врз Киро Глигоров останува неразјаснет и по 25 години

Денеска се навршуваат 25 години од неуспешниот обид за атентат врз првиот македонски претседател Киро Глигоров.

Глигоров го преживеа атентатот, повреден беше неговиот телохраните, но загинаа неговиот возач, како и случаен минувач на улицата Македонија.

Останува непознато кој стоел зад атентатот.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието.

Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial