Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Македонија!

Почитувани граѓани,
Денеска на нашиот најзначаен државен празник, Денот на независноста, 8-ми Септември, со гордост се сеќаваме на референдумското изјаснување за независност, кое се одржа на денешен ден во 1991 година, се сеќаваме на богатата македонска историја, пожртвуваноста и истрајноста на нашите предци за изградба на своја независна, самостојна и суверена држава. Држава која ги почитува човековите права, држава која е цврсто изградена на темелите на меѓусебното разбирање и почитување, без правење поделби на верска, етничка и друга припадност, држава која ги оствaри и ги остварува целите, држава која оваа година стана членка на Северноатлантската алијанса НАТО, држава која има визија и посветено ги следи европските вредности, вредностите кои носат развој и подобар живот, вредностите кои ќе и помогнат побрзо да стане дел од семејството на високо развиените демократски земји членки на Европската унија.
Денешниот празник, да продолжи да ни биде симбол на патриотизам и да не обединува во чесно работење, затоа што само така успешно ќе продолжиме да ја доградуваме нашата модерна држава.
Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Македонија!