Нова страница за информации

Нека ни е честит Илинден, Денот на Републиката!

Почитувани граѓани,

Денеска на прославата на нашиот најголем државен празник 2 Август, Илинден, на одбележувањето на 117 години од Илинденското востание и 76 години од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ, со гордост се потсетуваме на големите дела на македонските револуционери кои учествуваа во ослободителните борби.
Се потсетуваме на денот кога востаниците во Крушево, на христијанскиот празник „Св. Илија“, на 2 август во 1903 година ја започнаа борбата за слобода, правда и еднаквост помеѓу народите, борба по која беше формирана првата Република на Балканот, Крушевската Република.
И по ова, борбата на македонскиот народ за слобода и создавање на своја држава продолжи. На 11 октомври, во 1941 година започна и востанието против фашистичките сили. По успешната борба на партизаните, уште еден многу голем настан со кој се гордееме е и одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, кое на денешен ден, во 1944 година, се одржа во манастирот „Св. Прохор Пчински“. На заседанието во манастирот беа донесени повеќе решенија, со кои беа поставени темелите на македонската држава.
Македонскиот народ, по двата Илиндена, на 8 септември во 1991 година, на референдумско изјаснување конечно ја оствари вековната идеја за своја суверена, независна и самостојна држава.

Оваа година, во март нашата држава ги оствари целите кои носат подобар живот, започна преговори за влез во Европската унија, а во насока на зачувување на мирот и стабилноста, стана 30 членка на Меѓународната безбедносна организација, Северноатлантската алијанса НАТО.

Нека ни е честит Илинден, Денот на Републиката!

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial