Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Почитувани граѓани,
На Денот на македонската револуционерна борба, со гордост се потсетуваме на основачите на македонската револуционерна организација, се потсетуваме на организацијата која со цел да обезбеди слобода, правда и еднаквост помеѓу народите, повеќе години неуморно се бореше против вековната тиранија. Со основањето на револуционерната организација беше означен почетокот на организираната борба на македонскиот народ, кој преку Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, а потоа и преку антифашистичката борба и АСНОМ, на 8 септември во 1991 година, создаде самостојна, суверена и независна македонска држава. Држава која во остварувањето на целите, докажа дека постојано се движи по вистинскиот пат, по патот на развојот.
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!