Нова страница за информации

На што се должи растот на просечната плата

Бранот отпуштања причина за раст на просечната плата во земјава. Според статистиката, над 18 илјади работници останаа без работа поради корона кризата и тоа главно од позициите кои се помалку платени. Ова според аналитичарите, е една од параметрите за скок на просечната плата над 28 илјади денари.

Според Петрески, платите, и минималната и просечната треба да го следат растот на цените на производите кај кои во изминатиот период  се забележува раст. Според статистиката, за една година тие се покачени до 2 проценти, најмногу се забележува кај лебот, зејтинот, овошјето и зеленчукот.

Според последните податоци на статистиката, просечната плата во јануари годинава достигна 28.272 денари. Најголемо покачување од 12 отсто е забележано во здравството и фармацијата и 8 проценти во ИТ секторот.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial