На улицата „Востаничка“ утре и задутре времен режим на сообраќај

Општина Кисела Вода по соопштение од Градот Скопје, информира дека утре и задутре, на 19.09 и на 20.09.2020 година на улицата „Востаничка“, во временскиот период од 07:30 до 16:30 часот поради изведување на попречни прекопи од страна на ЈП „Водовод и канализација“, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Прекопите ќе го зафатат целиот профил на улицата „Востаничка“, затоа возилата ќе се движат по околната сервисна улична мрежа, а автобускиот превоз нема да сообраќа по улицата. До учесниците во сообраќајот, а и до минувачите, апелираме за внимателност и трпение додека се одвиваат градежните работи на улицата.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: