МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

На последниот ден од 2019 скенирани над половина милион фискални, опозицијата смета дека мерката е популистичка

На 31 декември граѓаните скенирале  околу 560 илјади фискални сметки за промет од 5 милиони евра. Според анализата на финансии  тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање , сметано од 1 јули кога всушност и се воведе мерката МОј ДДВ.

Само за овој ден на сметките на граѓаните ќе легнат 80 илјади евра од поврат на ДДВ.

Со резултатите од мерката се пофалија и од СДСМ.  Од партијата велат дека за само две тримесечја граѓаните  оствариле поврат од 6,7 милиони евра. А расте и бројот на граѓани кои скенираат фискални.

Од опозицијата пак обвинуваат дека  МОј ДДВ  е популистичка мерка и без ефект за граѓаните.

Наместо со квази проекти, СДСМ требаше изминативе три години да направи нешто за економијата да тргне напред. СДСМ во изминативе три години покажа само неспособност, некадарност и неработа. Ефектите се видливи. Економијата тоне и затоа СДСМ мора да си замине. Популизмот нема да го спречи падот на СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

Според анализите во моментот околу 200 илјади граѓани ја користат апликацијата.

Во февруари треба да се исплатат парите од поврат на ДДВ за скенираните сметки во октомври, ноември и декември. Едно лице максимум може да  врати 1.800 денари од платениот ДДВ за три месеци.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial