МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

На Меркел не ѝ се допадна изборот на новиот десничарски премиер на Тирингија: Ова е лош ден за демократијата

Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија (ФДП) во источната покраина Тирингија, беше прв во кој државен премиер победил со поддршка на АФД, со што е прекршен повоениот консензус меѓу големите партии да ја одбегнуваат крајната десница.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вчерашниот ден, кога беше избран премиерот на германската покраина Тирингија, со поддршка на крајно-десничарската Алтернатива на Германија (АФД) и нејзините конзервативци, бил лош ден за демократијата и дека тој избор треба да се поништи.

– Овој настан е непростлив, па резултатот мора да се промени – рече Меркел на прес конференцијата во текот на посетата на Јужна Африка, пренесоа британските медиуми.

Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија (ФДП) во источната покраина Тирингија, беше прв во кој државен премиер победил со поддршка на АФД, со што е прекршен повоениот консензус меѓу големите партии да ја одбегнуваат крајната десница, наведе агенцијата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial