Нова страница за информации

Најмалку 6 жртви и 200 повредени во земјотесот од 7 степени ,што го стресе Измир (ВИДЕO)

Земјотрес со јачина од 7 степени ги погоди грчките острови и дел од Турција во Егејското Море, пишуваат медиумите.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според Си-Ен-Ен Турк, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека шест лица загинаа во земјотресот, а над 200 се повредени.

Снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир. Би-Би-Си јавува дека 20 згради биле срушени во тој крајбрежен град.

Во тек е потрагата по исчезнатите во срушените згради. По земјотресот имало и неколку потреси, конкретно шест со јачина од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Покрај срушените згради, нивото на морето во крајбрежните градови се зголемило, така што улиците се поплавени.

Земјотресите се чести во Турција. Така, во земјотресот во друг турски град Измит, во 1999 година загинаа 17 000 луѓе.

Во моментов нема информации од Грција за можни жртви. Досега е познато дека островот Самос е поплавен.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во силниот земјотрес оштетени и објекти на грчкиот остров Самос(ВИДЕО)17:11

Пендаровски се обрати на 46. Европска конференција на млади инженери16:47

НБ: Ги преземавме сите мерки за да ги заштити интересите на штедачите во „Еуростандард банка”16:41

Лукашенко ги мобилизира сите сили на војската и полицијата16:37

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial