МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Напаѓачот во Ханау имал ксенофобични мотиви, мртва и неговата мајка

Министерот за внатрешни работи на германската сојузна земја Хесен, Петер Беут, изјави во четвртокот дека мотивот за нападот во Ханау е кскенофобија, како и дека 43-годишниот напаѓач и неговата мајка се најдени мртви со прострелни рани во неговиот дом.

Во Ханау, град со околу 98.000 жители на 25 километри источно од Франкфурт, во средата ноќта по 22 часот се убиени осум лица во два вооружени напада врз наргиле-барови.

Како што објавија локалните весници, напаѓачот прво пукал пред наргиле-барот „Midnight“ каде убил три и ранил едно лице, а потоа со автомобил отишол во квартот Каселштад каде влегол во друг бар од ист тип „Arena“ каде убил уште пет и ранил четири лица. Едно лице подоцна починало во болница, па бројот на убиените се зголеми на девет или вкупно 11 мртви.

Полицијата потоа во станот на осомничениот напаѓач во квартот Каселштад открила тело на 72-годишна жена и телото на напаѓачот, и верува дека самиот си го одземал животот.

Напаѓачот, како што рекол Беут, е Германец. Потвдил дека осомничениот легално поседувал оружје за лов со кој се занимавал, а бил и спортски стрелец, како што објави претходно весникот Die Welt.

Додал дека се истражува дали постои некакво писмено признание за кое извести весникoт Bild. Премиерот на Хесен рекол и дека не му е познато кои биле посетителите на наргиле-баровите или ткн. Shisha-Bars во времето на нападот.

Меѓу деветте убиени пет се млади лица, вклучително и една жена. Весникот Bild пренесе дека станува збор за жртви на ултрадесен напаѓач и дека се од курдско потекло, без да ги наведе своите извори.

Германското сојузно обвинителство објави во четвртокот дека постојат назнаки дека станува збор за ултрадесничарски мотиви на нападот, и делото го класифицира како терористичко. „Сојузното обвинителство ја презема истрагата и постојан знаци за екстремно десна заднина“, објави потртпаролот на обвинителството.

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара изјави декла меѓу убиените во Ханау се и труски државјани. Турција очекува од германските валсти да „вложат максимални напори“ за да ги откријат сите поединости од случајот, рече портпаролот Ибрахим Калин.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial