МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Намалување на цените на основните прехранбени производи

Цените на над 50 основни прехранбени производи од идната среда ќе се намалат за најмалку 10 отсто и ќе бидат замрзнати, потврдуваат од Министерството за економија. Одлуката ќе биде донесена во вторник за артикли кои се оданочуваат со 5% ДДВ. Референтна цена на прехранбените продукти ќе биде од јули. Владата одлучи во овој период да нема акциски продажби на производите, освен на производи со краток рок на траење, со цел да не се манипулира со цените.

Денеска Министерот за економија, Крешник Бектеши, по средбата со претставници на осумте ланци на маркети, најави дека во текот на наредната недела Министерството ќе направи измени и дополнувања на Законот за државен пазарен инспекторат, со кои ќе се зголемат овластувањата на инспекторите за да можат веднаш да постапат и да го затворат објектот без да поминат одредени судски постапки.

Ова значи дека белиот леб, кој беше по замрзната цена од 33 денари и сега достигна 40 денари, ќе се намали за 4 денари. Јогуртот кој сега чини 35-37 денари ќе се намали за околу 3 денари. Сирењето и кашкавалот кои чинат од 500-700 денари ќе бидат намалени за најмалку 50 денари. На трговците на големо и мало ќе им биде дозволено да ги намалат цените само за производите што им истекува рокот. На пример, овошјето и зеленчукот кој полека почнува да венее може да се продаваат на акција. Истото ќе важи и за спакувани продукти што се пред датумот на истекување. Овие одлуки ќе бидат на сила до 30 ноември.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial