Нова страница за информации

Мицкоски: Заев остави повеќе од 50.000 луѓе на улица, економијата е во рецесија и имаме историско најголемо задолжување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  на денешната прес конференција по повод 100 дена од старо новата влада на СДСМ и Зоран Заев истакна дека овие 100 дена се продолжување на низата која трае 4 долги години на промашување, криминал и силни неуспеси.

Во делот на економијата, претседателот Мицкоски рече дека повеќе од 50.000 граѓани останале на улица, а македонската економија е во рецесија, како и дека има историско највисоко ниво на задолжување.

„Загубите кои оваа влада ги донесе се:

Пад од речиси 6 % на економијата во трите први квартали од почетокот на годината  заклучно со третиот квартал, месец септември. Историски најголемо задолжување на државата, за само еден квартал повеќе од 1 милијарда евра. Буџетска дупка која што на крајот на годината ќе изнесува повеќе 750 милиони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од речиси 61%. Имаме поголем пад на бруто инвестициите од воениот конфликт од 2001 година. Реален пад на бруто инвестициите во три квартали од 8,8% на годишна основа. Нема капитални инвестиции. Нема ниту 60% искористеност од втор ребаланс за капитални инвестиции, а од првиот буџет реализација е отприлика 45-46%. Зборувам во првите 11 месеци, до крајот на годината може да се помести за некој процент, вели Мицкоски и додаде:

Наместо привлекување имаме нето одлив на странски инвестиции и тука сме убедливо најниски во регионот и во Европа. Ги нема ниту оние 5 странски инвестиции кои што Зоран Заев ги ветуваше при нашето последно соочување и дебата на Македонската телевизија пред изборите.

Повеќе од 50 илјади наши сограѓани бараат работните места, бараат работа од јануари месец заклучно со октомври или во првите 10 месеци од годината. За отприлика 5% е намален бројот на работниците во индустријата. 

Во овие 4 години на загуби, не задолжија за 2 милијарди евра, а нема ниту еден капитален проект. Електричната енергија поскапи, а анализите на невладината Фајнанс Тинк покажуваат дека половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден“ рече Мицкоски.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial