МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Мицкоски бара истрага за Обвинителите од СЈО

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски предлага Обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства но претходно да се истражи дали се поврзани со  предметот „Рекет“ .

Тој нагласува дека е потребна е детална истрага за евентуална нивна поврзаност со случајот Рекет, со осомничените од тој случај кои се во притвор, но и со псевдонимите за кои јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .

,,Потребна е детална проверка на сите помошници односно соработници на Катица Јанева по оваа проверка тие можат да конкурираат како и сите други обвинители за новото Обвинителство, изјави Мицкоски на прес конференција.

Тој предлага и сите предмети од СЈО од 2016 да ги преземе Републичкото Јавно Обвинителство  во фаза во која што се односно државниот Јавен Обвинител и истите да ги прераспредели согласно советите на експртската јавност онаму каде припаѓаат , да се почитува принципот на супординација во рамките на едно обвинителство, а тоа е државното Обвинителство рече Мицкоски.

Запрашан за пораката на Рикер со која го повикува ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна во однос на Законот за Обвинителството, Мицкоски рече дека „никаде во изјавата на Рикер не слушнав дека ВМРО ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст што е предложен од страна на Владата. Јас кажав од кои принципи се водеше ВМРО ДПМНЕ за да го реформира. Ја покануваме Владата и експертите од Владата да престанат да играат политички игри да седнат да разговараат за предвремени избори и Закон за Јавно обвинителство.

На прашањето дали со ова иницира лидерска средба тој рече дека лидерска средба е прифатлива доколку на неа се договори датум за предвремени избори, но и Закон за Јавно Обвинителство.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial