Министерката Мила Царовска, градоначалникот Филип Темелковски, заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, остварија работна средба со наставничкиот кадар

Пред официјалниот старт на училишната учебна година, денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани и претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков, беа во посета на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, каде остварија работна средба со наставничкиот кадар.

Со наставниците, кои многу придонесуваат за развојот на децата во нашата државата, се дискутираше за моменталната состојба со вирусот Ковид 19, за условите за работа, за недостатоците и за проблемите со кои тие се соочуваат во образовниот процес.




За денешниот состанок во училиштето, состанок кој беше од големо значење и за Општината и за наставниците, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до министерката Мила Царовска, претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков и до заменик министерот за образование Арафат Шабани. Благодарност за поддршката од Министерството за образование и наука.

Општина Кисела Вода, како и досега така и во периодот што следува ќе продолжи да инвестира во подобрување на условите за децата во општинските основни училишта. На следната седница на Советот на Општината ќе се донесе ребаланс на буџетот со кој е предвидено да се обезбедат средства за набавка на ИКТ опрема, која ќе се стави во функција на непречено одвивање на наставата од далечина(online) во сите основни училишта на територијата на Општината.

Оновните училишта во Кисела Вода согласно препораките од Владата, Министерството за образование и наука и Министерството за здравство, подготвени се на први октомври да ги примат децата во училишните клупи.