МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Милановиќ: Откако се заканив, во декларацијата на НАТО беше ставен Дејтонскиот договор

Во завршната декларација на денешниот НАТО самит во Брисел, Дејтонскиот мировен договор беше ставен како основа за функционирањето на Босна и Херцеговина, потврди хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Откако, не би сакал да речам дека се заканив, но после шест дена игнорирање на нашата молба воопшто да се спомене Дејтонскиот договор како основа за функционирање на БиХ, моравме да кажеме дека ќе се спротиставиме на консензусот. Разговаравме вчера околу три часот попладнето со генералниот секретар и тоа беше решено за половина минута – што кажува само за себе, односно дека тоа требаше да биде решено многу порано“, рекол Милановиќ, пренесува загребска Н1.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial