Мета: Проектот „Голема Србија“ не успеа, идејата за „Голема Албанија“ е неостварлива
Албанскиот претседател Илир Мета рече дека проектот за Голема Србија не успеал, а дека идејата за Голема Албанија воопшто не е изводлива.
Мета рече дека е комплетно лудо да се зборува за експанзионистички проекти.
„Живееме во комплицирано подрачје. Не постои ‘етнички исчистена’ држава на Балканот. Комплетно лудило е да се зборува за експанзионистички проекти“, рече Мета во интервју за египетски Ел Ахрам.
Во исто време, албанскиот претседател додаде дека верува во регионалниот мир, изјавувајќи дека односот меѓу Албанија и Грција е исклучително важен и дека врската со Турција е „историска“.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: