МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

МВР потврди: Дел од приведените лица во акцијата се поврзани со пукањето во „Александар Палас“

Дел од лицата кои биле уапсени во денешната акција на МВР се поврзани со пукањето кое пред некое време се случи во хотелот „Александар Палас” во Скопје. Ова го потврди Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер. Таа додаде дека лицата се приведени под сомнение за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, како и за недозволено држење и изработување на оружје

„Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје.. “, изјави Талевска.

Таа додаде дека полициски акции имало на неколку места во Скопје и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров… а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.

Пред и за време на акцијата под сомнение за погоре споменатите кривични дела лишени од слобода се 10 лица од Грчец и Арачиново

Дел од приведените се поврзани и со настанот во Александар палас, но повеќе детали ќе се знаат откако ќе бидат завршени сите активности на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial