МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

МВР влезе во фирми наводно поврзани со Камчев за изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ

МВР побарало, а скопското обвинителсво дало налог за да се влезе во две фирми кои наводно се поврзани со бизнисменот Орце Камчев.

За Телма од обвинителството потврдуваат дека дале налог, но велат дека се работи за рана фаза на предистражна постапка. Според неофицијални информации се работи за две фирми „Монт“ и „Полиетерстрејд“ во кои се барале финансиски извештаи за финансирањето на кампањата на ВМРО ДПМНЕ на последните претседателски избори. Се проверува дали и по затворањето на сметката од која се финансираат изборите се наплатени парти за рекламен материјал, велат од обвинителството.

Неофицијално, се истражува и уште една фирма во Шпанија, а која исто така била поврзана со финансирање на кампањата. Според информациите нашето МВР за ова соработува со Шпанското министерство. Сепак за ова ќе треба да се консултираат и со Државниот завод за ревизија кој работи на анализирање на предизборните кампањи на партиите. Претходно владејачката партија обвини дека има нерегуларности во кампањата, но ова е прва ваква предистрага.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial