Марта Кос за локалните избори во Србија: Насилството, заканите и неправилностите се неприфатливи
Насилството, заканите и неправилностите на изборите се неприфатливи, изјави еврокомесарот за проширување Марта Кос, објави „Н1“.
„Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што набљудувачката мисија на Советот на Европа го виде за време на локалните избори во Србија е неприфатливо“, рече Кос на социјалната мрежа „Икс“.
Таа потсети на основниот услов за членство во ЕУ.
„Слободните и фер избори се основа на демократијата, особено за земјите кандидати за ЕУ, како што е Србија“, рече Кос.
Таа ги повика надлежните органи да ги истражат и гонат сите инциденти.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
