МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Македонскиот јазик – македонската црвена линија во разговорите со Бугарија

Стартот на преговорите со ЕУ ќе биде заеднички успех или неуспех, евентуалната блокада од Бугарија е политичка инвестиција во креирање анимозитет а јазикот е нашата црвена линија и тука нема отстапки. Ова се ставовите на вицепремиерот Никола Димитров кој даде свое видување и оценка на моменталната ситуацијата и односи со Бугарија и најавите за вето.

Во моментот се прават дипломатски напори за да се најде излез од оваа ситуација бидејќи роковите течат. Димитров се повика и на Договорот за доборососедство, нагласи дека никој не може да го оспори правото на самоопределување и доколку официјална Софија остане на ставот дека јазикот е пречка тогаш нема да може да се гради пријателство меѓу државите.

Димитров соопшти дека комуникацијата со членките на ЕУ е интензивна и секојдневна, и дека се презентирани се ставовите и позициите на Македонија во поглед на новотврените прашања со Бугарија.

И поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во мисија за релаксирање на односите со Бугарија. Најави дека ќе оди во Софија каде ќе има неколку обраќања и гостувања на емисии со цел како што кажа да разбие одредени тези во бугарската јавност.

Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ пак побара лидерска средба поради заладувањето на односите со Бугарија и ризикот од можно вето.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера испрати кристално јасна порака бугарските историчари да го бранат националниот интерес и дека нема компромиси кога станува збор за историјата, идентитетот, јазикот и барањето за национални малцинства, со што ги потврди веќе познатите ставови на официјална Софија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial