Нова страница за информации

ЛУКАШЕНКО СЕ ЗАКАНУВА СО САНКЦИИ: Дадов инструкции до владата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска се закани со реципрочни мерки како одговор на воведувањето санкции против таа земја поради резултатите од претседателските избори, кои не се признати од опозицијата, но исто така и од ЕУ и САД.

“Ја упатив владата да достави предлог сите трговски текови од пристаништата во Литванија да бидат насочени. Ајде да видиме како ќе живеат со тоа”, рече Лукашенко, како што објави агенцијата Белта.

Лукашенко нареди и борбена готовност со армијата како одговор на како што тврди, заканите од Западот, пренесува Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија да воведат санкции за 20 високи белоруски функционери осомничени за изборни измами и полициска репресија врз учесниците на граѓанските протести во Белорусија.

Очигледно, името на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ќе се најде на оваа листа во догледно време, како што беше објавено утрово по министерскиот состанок во Берлин, пренесува АП.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial