МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЛЕКОТ „ФАВИРА“ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНСКИТЕ АПТЕКИ

Неделва во македонските аптеки ќе биде достапен лекот Фавира или Фавимол за кој Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентити. Ваков чекор од  надлежните следи, откако голем  број болни од Ковид 19, односно нивни блиски го набавуваа од Косово, Босна или Турција. 

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид-19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност на лекот  Фавипивир за крајните корисници-пациентите. Увозот е од Јапонија и Турција, велат од Малмед. 

Дека пацинетите во Македонија на своја рака барале да го набават лекот пример за тв 24 посочи и  матичниот лекар Ненад Лазаров кој  откри дека луѓето  го набавувале лекот од странство по цена која достигнува и до 100 евра. 

Пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само по препорака на лекар. Матичните  апелираат тој да не се зема на своја рака, бидејки може да предизвика несакани нус појави.

Фавипиравир исто како Рендесивир е моќен антивиротик кој на пациентите се дава по целосна посервација и детално следење на состојбата од страна на лекари специјалисти. Кај болните од Ковид 19, според сите истажувања овој лек може да се користи во раната фаза од  развојот на болеста.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial