По една преспиена ноќ во Идризово, Драган Даравелски експресно ангажирал адвокат и веќе денеска побарал повторување на судскито процес против него..
Од скопскиот Кривичен суд информриаа дека за барањето ќе одлучува Кривичен совет, но прво треба да се комплетираат документите.
„Советот, во однос на барањето, согласно Законските надлежности најпрвин ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Канал 5 го контактираше адвокатот на Даравелски, Душан Шарановиќ кој го поднел барањето за повторување на судската постапка, но тој не сакаше да коментира.
Ако судењето се врати на почеток може да застари кривичното дело на Даравелски за злупотреба на функцијата директор во Царина меѓу 1999 и 2002 година.
Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, ако судот одлучи да ја повтори судската постапка, тоа практично ќе значи одлука за негово амнестирање.
„Кој би му го дозволил тоа би било злоупотреба, односно прекршување на законот. Теротски, по некаков договор, може да се изведе, меѓутоа сигурно не би било законито, бидејќи практично судот надвор од законот би дал еден вид помилување или амнестија“, вели за Канал 5 универзитетскиот прфоесор по кривично право Гордан Калајџиев.
Она што е извесно е дека додека ја чека одлуката на скопскито Кривичен суд, Даравелски ќе остане во затвор.. Од Кумановскиот суд кој го упатиле на издржување на казната, пресметале дека апсолутна застареност на издржувањето на казната, би имало во 2028 година.