МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кривична одговорност за газдите кои не ги исплатија вработените

Работодавачите кои наместо на сметките на вработените, парите добиени од државата ги оставиле во сопствениот џеб да одговараат кривично. Ова е барањето на синдикалците во земјава. Синдикалните здруженија и борците за работнички права бараат Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас против сите газди на компании кои од државата добиле пари за субвенционирање на платите, а не им исплатиле плата за април и мај. Дополнително од УЈП синдикалците бараат несовесните работодавачи да добијат и парична казна и да ги вратат назад државните пари.

Јавноста вчера бурно реагираше по објавата на УЈП дека 708 компании не исплатиле минимални плати за април и мај на своите вработени иако тие пари ги добиле од државата. Над 1700 вработени останаа со празни сметки во време на пандемија а над 52 илјади работници кои работеле во четири илјади фирми  од своите газди добиле намалени минимални плати иaко Владата им го префрлила целиот износ од 14 500 денари.

„Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка а не ја искористиле обврската за исплата  на платите ќе бидат испратени до Генералниот секретаријат на Владата, како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка од каде истите ќе бидат и јавно објавени“, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Од ЈУП информираат дека газдите кои се обиделе на заработата на грбот на работниците се од дејностите: градежништво, трговија на мало, транспортен сектор, подготовка на храна и слични помали бизниси, како и еден медиум.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial