МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кој е серискиот педофил по кој трага Србија? (ВИДЕО)

Цели шест дена во Србија трае голема потрага по дванесетгодишната Моника Каримановиќ која исчезна на 20 декември, рано наутро, откако заминала на училиште.

Потрагата се интензивираше вчера кога сите траги почнаа да укажуваат дека со исчезнувањето на девојчето е поврзан озлогласениот повеќекратен силувач Нинослав Јовановиќ од Малча, познат како „Малчанскиот бричач“, а кој во март годинава повторно излегол од затвор.

Опсежната потрага полицијата ја продолжи во текот на ноќта и денес, а во неа се вклучени кучиња трагачи, термовизиски камери и хеликоптерски единици, како и 220 полицајци и припадници на Жандармеријата. Полицијата денес темелно ги пребаруваше селата во регионот на централна Србија, но не најдоа нови траги кои би откриле каде е девојчето.

Но, кој е серискиот педофил „Малчанскиот бричач“ кој веќе шест дена ѝ бега на полицијата со новата жртва? Монструозен педофил кој ги граба девојчињата, им ја стрижи косата а потоа ги силува.

Монструмот, како што може да се заклучи од сведоштвата на жртвите, редовно за време на злоставувањето им ја стриже косата на своите жртви. Отсечена коса вчера била најдена во штала на една куќа, а се сомнева дека косата ѝ припаѓа на грабнатата Моника.

Две недели пред да ја грабне Моника Јовановиќ, според српските медиуми, во фризерски салон одвел девојче за кое кажал дека му е ќерка и побарал да ја истрижат. Утредента се вратил и побарал да му ја дадат нејзината коса.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial