Копнените граници со Грција остануваат затворени уште две недели
За уште две недели Грчката влада ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани од трети земји, како и мерката ограничување на копнените повзувања со Северна Македонија и Албанија.
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид 19 во Министерството за здравство на Грција.
Претходната забрана за овие ограничувања важи до 31 август по што ќе следи нова што ќе важи до 15 септември.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: