МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кога ќе се достават уставните измени? Османи: Постои идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои поддржуваат уставни измени“

Се уште не се знае кога ќе се достават уставните измени во Собрание. Според Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, такво нешто може да се направи откако ќе бидат исцрпени сите можности со цел процесот да биде консензуален. Османи истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ постои група на луѓе кои веруваат дека овие измени се потребни, но не прецизираше доколку станува збор за пратеници.

„Значи идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги разбираат последиците од изолацијата на државата и влегувањето во втор пат. Уште еднаш ќе потенцирам постојат две патишта. Брзиот пат и патот на државите со отворени прашања. Од гласањето ќе зависи по кој пат ќе тргнеме ние. Полека се исцрпуваат можностите за да ја убедиме ВМРО-ДПМНЕ, но не се целосно исцрпени. Затоа ние ќе работиме со таа идеолошка линија кои ја сакаат оваа држава и иднината на оваа држава, кои ја гледаат државата како европска, демократска земја.“, рече Османи.Од ВМРО- ДПМНЕ го повторија нивниот став дека никој од нив не ги поддржува уставните измени под бугарски диктат, а го повикаа министерот дека доколку е толку сигурен, да ги предложи измените во Собрание. Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат во сопствениот двор и да не прават дефокус, обидувајќи се да прават проблеми таму каде што ги нема.
Од друга страна генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, рече дека има постојани разговори со ВМРО-ДПМНЕ во неколку нивоа.

„Подадената рака на СДСМ е искрена и има една цел – доброто на земјата. По лидерската средба СДСМ формираше работна група, тоа јавно го соопштивме, ги охрабруваме секојдневно ДПМНЕ да се приклучат. Постојат редовни контакти со колеги од ДПМНЕ на различни теми, дали се тие поврзани со работата на Собранието, со одредени законски решенија, усогласувања, постои дијалог преку работни групи за измените на изборниот законик и така натаму.Сега јавно се поставува прашањето, а за најважната тема, членство во ЕУ, зошто да не се седне на маса и да се продолжи дијалогот?”, рече Зечевиќ.Но и покрај гласините дека ВМРО-ДПМНЕ е унифицирана во нејзиниот став, Османи зборуваше со оптимизам на прес конференцијата која се одржа по повод претседавањето на РСМ со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, при што шефот на дипломатијата изјави дека е многу важен формат бидејќи се опфатени 13 држави од југоисточна Европа.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial