МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

КОВАЧЕВСКИ: ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЕКОНОМСКА ГОДИНА, НО ЗАЕДНО ЌЕ ЈА ПРЕБРОДИМЕ

Пакетот антикризни мерки за власта е неопходен и ќе ги заштити граѓаните од економска криза – за опозицијата пакетот е задоцнет, недоволен и ќе создаде фрустрации кај народот. 

Фокусирајки се на војната во Украина и светските економските последици од неа, премиерот Ковачевски им порача на граѓаните дека владата има единствен приоритет – да го заштити животниот стандард и економската стабилност во земјата.  

Ковачевски испрати порака и до функционерите –  дека нема да има разбирање за сите оние кои неодговорно го трошат државниот буџет. 

– Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите. Сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме. – изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

За лидерот на опозицијата Мицкоски, мерките на владата нема драматично да ја подобрат состојбата. Според него во Македонија има два паралелни света – едниот во кој граѓаните едвај врзуваат крај со крај и другиот свет кој е на неколкумина послушници што печалат на грбот на народот. 

– Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде вистинското прашање е зошто не се подготвиле и што навремено не реагирале туку чекаа по инерција и задоцнето да се случи ова што денеска се случува. – изјави Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај меѓусебните обвинувања и власта и опозицијата покажаа дека може да се најде заеднички јазик, а овој пакет антикризни мерки е првиот кој го помина собранискиот филтер.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial