МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кинески доктор дојден во Италија на помош: Како може така да се однесувате? (ВИДЕО)

Вториот човек на кинескиот Црвен крст пристигна во Ломбардија за да им помогне на локалните власти и лекарите во борбата против коронавирусот.

Сун Шуопенг денеска одржа прес-конференција на која жестоко го критикуваше однесувањето на Италијаните.

“Не знам што мислите. Како може така да се однесувате?” рече тој на пресот.

„Ситуацијата во Ломбардија сега е иста како што беше во Вухан пред два месеци“, рече тој. „Еден месец по воведувањето на карантинот, во Вухан гледаме тренд на намалување на бројот на заразени лица“, додаде Сун.

„Овде во Милано не постои строг карантин, во местото кое е најтешко погодено од епидемијата – функционира јавниот превоз, луѓето шетаат наоколу, се забавуваат на вечери и забави и во хотелите, не носат маски…“, рече тој.

„Сите ние треба да бидеме поодговорни“, предупреди кинескиот доктор.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial