МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кина испрати експерти и медицински материјал во Италија за борбата против коронавирусот

Кина вчера испрати авион со медицински материјал и експерти во Италија кои би требало да помогнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот, пренесува Чајна дејли.

Во авионот, кој вчера полета за Италија имало девет медицински експерти и 31 тон санитетски и медицински материјал, како заштитна опрема и антивирусни лекови.

„Од почетокот на ширењето на Ковид 19, Кина постојано тесно соработува со европските земји“, рече Генг Шуанг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во оваа пригода, болницата во Шангај Руијин успеа во рок од 24 часа да ги собере потребните медицински и санитетски материјали за транспорт во Италија.

Инаку, милион луѓе во Италија се ставени во карантин поради коронавирусот, а повеќе од 1.000 починаа.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial