МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Катица Јанева попушти со нервите на судењето за “Рекет”

Катица Јанева смирено ја дочека бившата колешка Лиле Стефанова во судницата, откако го ислуша сведочењето ја испрати со погрдни зборови и навреди.

О***пијо

Г***арке 

Дека и го возев мачето, затоа ли не и чинам?

довикна Јанева свртена кон новинарите додека полицијата ја вадеше од судница. Во ходникот плачеше, а Стефанова која рече дека не е во добри односи со Јанева ја напушти судската зграда. Тоа што го кажа во судница не сакаше да го коментира, надвор пред камерите.

Како сведок на Обвинителството во случајот против Јанева и Боки 13, обвинителката Стефанова образложи кога се случил пресвртот во случајот “Империја”, во кој осомничен е и бизнисменот Орце Камчев. Притисоци за поблаги мерки, околу осомничените додека траела истрагата, стигнувале од политичари, од Наташа Савова поранешна пратеничка, обвинители, па дури и од судијката Добрила Кацарска, но не и од Јанева. Така било се до март кога обвинителите биле повикани од шефицата на СЈО, на состанок во нејзината канцеларија. Средбата поминала во тензична атмосфера. Таму Стефанова добила инструкции од Јанева за предметите Империја и Поштенска Банка.

Ти Лиле дај му го пасошот на Камчев. Ќе даде гаранција од 3,5 милиони евра. Потоа ни даде задача и на мене и на обвинителот Бурим Рустеми да направиме пресметка за предизвиканата штета во “Империја” и “Поштенска банка”, да си платат осомничените и тука да заврши се. А сега марш, излегувајте од тука! – им рекла Катица Јанева, сведочеше  пред судот обвинителката Стефанова.

Според Јанева, така морало да биде поради носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, рече Стефанова. Единствен од тимот обвинители кој се побунил на одлуките дека политичките процеси во државата не може да бидат услов за менување на мерките притвор со куќен притвор бил Артан Ајро. Во пакетот барања за мерките и враќањето на пасошите освен за Камчев, Јанева сугерирала и за бизнисменот Цветан Панделевски кој исто така е осомничен во Империја.

Стефанова посочи дека имала средба и со бизнисменот Ванчо Чифлиганец, него Орце Камчев го спомна во сведочењето дека му барал дуќан за ќерката на Стефанова. Обвинителката пак пред судот рече дека средбата со Чифлиганец ја остварила во СЈО, а тој се обидел да извлече информација за Империја односно Камчев, но Стефанова како што истакна му ставила до знаење дека за истраги не може да зборува. На прашањето во какви релации се Чифлиганец, Стефанова пред судот рече

Не знам за какви релации прашувате?

Ако ме прашувате дали му ја знам љубовницата, не му ја знам .

Утре во Судот за случајот Рекет треба да сведочи обвинителот од поранешното СЈО Бурим Рустеми.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial